11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Да ја направиме заеднички Новата 2023 да ни биде посреќна, помирна и побериќетна

Министерот Спасовски ја честиташе новата 2023 година на сите граѓани.

„На прагот сме да ја пречекаме Новата 2023 година со нова надеж. Бидејќи велат, со каква енергија ќе ѝ посакаме добредојде, таква енергија ќе ни донесе во секој нов од 364-те денови. И, секако, да ја испратиме 2022, како година на големи очекувања, уште поголеми предизвици и реформи во глобални рамки и, секако во национални рамки”, изјави Спасовски.

Тој се осврна и на сето она што годинава е реализирано во Министерсвтото за внатрешни работи.

„Годината ја заокруживме си 78 комплетно реконструирани енергетско-ефикасни објекти, набавени униформи и опрема за сите организациони единици во МВР, 30% заштеди на електрична енергија и спроведена на дело агенда на сина униформа која се грижи за зелена околина. Покажавме дека можело од година во година да се подобруваат и резултатите за ефикасноста на полицијата, па поткрепено со статистички податоци да зборуваме за стабилизација и намалувачки трендови на криминалните области, а зголемена ефикасност на полицијата за 30, 40, а во одредени области и за 70%. Како што знаете, одлични резултати беа постигнати и во спречувањето на организираниот криминал и шверцот со наркотици. Тоа придонесе и за висока доверба кон полицијата од 50% отсто од испитаната јавност во анкетата на Меѓународниот републикански институт, што докажува дека МВР е целосно реформирана демократска институција, која работи во полза на сите граѓани.”, изјави Спасовски.

Тој додаде дека за идната 2023 година ни останува реформа на умот, а тоа е она што зависи само од нас и што, секако, имаме потенцијал да го постигнеме.

„Да не седнуваме на волан ако сме консумирале алкохол или без поговор да ја почитуваме максимално дозволената брзина на патот, притоа размислувајќи со подеднаква грижа и за своето, но и за другите деца како учесници во сообраќајот. Или, да не нудиме пари за нешто што е обврска на системот да ни го обезбеди, а доколку некој ни побара, тоа веднаш да го пријавиме во полиција. Еве, уште еден пример, би рекол баш претпразничен – не им купувајте пиротехника на вашите деца, доколку не сакате да бидете директно одговорни за загрозување на нивното здравје или животот. Доколку сте сведоци на криминално дејствие, пријавете го во најбрз можен рок, затоа што доколку тоа не го сторите, токму вие може да станете следната жртва. И такви примери има безброј”, рече Спаовски.

Тој ги повика граѓаните да ја направиме заеднички Новата 2023 да ни биде посреќна, помирна и побериќетна!

Спонзорирано: