Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarМакедонијаВо тренд...

Роденденска прослава и ученички настапи за 15-годишниот јубилеј на САБА

На 27.12.2022 приватното средно училиште САБА го прослави својот 15-ти роденден.

Роденденската прослава на која и претходеше настап на учениците од САБА, се одржа во свечената сала во хотел Мериот.

– Започнавме во септември 2007 година, како првото приватно средно стручно училиште во Македонија со име Средношколска академија за
бизнис и администрација или скратено – САБА. Во првата генерација се запишаа ученици кои учеа бизнис и право. Веќе следната година ги
акредитиравме програмите за насоките информатика и туризам.

САБА е единственото приватно средно училиште кое има свои паралелки во Битола и Штип.

– Уште од самиот почеток не изненади интересот на ученици не само од Скопје, туку и од другите градови од Македонија, па затоа веке следната 2008 година отворивме паралелки и во Битола, а неколку години подоцна, во 2014 година, САБА се прошири и во Штип. Денес, после цели 15 години, може да се пофалиме со повеќе од 1.000 ученици кои завршиле во САБА, многу освоени награди, реализирани проекти, практична работа на учениците како во Македонија, така и во многу eвропски држави,- вели Ангела Неновска Крстевска, координатор на училиштето САБА.

Дел од учениците во САБА се добитници на стипендии и меѓу нив има првенци на генерации, но и млади талентирани спортисти, кои во иднина ќе бидат предводници на новите класи информатичари, економисти, научници итн.