3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Подготви се за опуштено филмско уживање во празничничните денови со МТЕЛ мобилната апликација mPLAY

По бурните новогодишни забави и прослави она што на сите ни е потребно е опуштено уживање во слободните празнични денови со добар филм или серија.

МТЕЛ мобилната апликација mPLAY TV  е совршена за сите вљубеници во култните филмови од југословенската филмографија, но и од последните хит серии од продукцијата на Телеком Србија кои што ја освоија не само регионалната, туку и светската публика.

Само во Видеотеката на mPLAY TV може да ги пронајдеш најгледаните филмови на Балканот – „Ние не сме ангели“ со неповторливиот Никола Кољо, „Заборавени“, антологискиот „Како пропадна рокенролот“ и 20 други филмски наслови од златното време на југословенската продукција.

Вљубениците во одличните серии на mPLAY TV во секое време може да ги погледнат најновите серии „Пад“ снимена според бестселерот на еден од најпознатите актери на Балканот, Жарко Лаушевиќ, како и „Прошетка со лавот“ која ни раскажува несекојдневна приказна за љубовта и животот. Во видеотеката може да се најдат и „Беса“, „Клан“, „Златно момче“ „Тајкун“ , „Државен службеник“, „Црна свадба“ или вкупно 35 наслови на серии во кои што улогите ги толкуваат плејада од извонредни регионални актерски ѕвезди како Милан Мариќ, Милош Биковиќ, Анџелка Прпиќ, Андрија Милошевиќ, Срѓан Тодоровиќ, Никола Кољо, меѓу кои и нашите Тони Михајловски, Камка Тоциновски…

За дополнителен избор на телевизиска содржина, mPLAY TV апликација содржи и 34 тв канали во живо – филмски, информативни, музички меѓу кои Суперстар каналите и најновата српска телевизија Блиц ТВ.

Апликацијата mPLAY TV е достапна бесплатно за корисниците преку припејд картичките mSTART, тарифниот модел mCONNECT L и пакетот mBOX Trio Max. За повеќе информации на содржините кои што се достапни на апликацијата, но и понудите за услугите на МТЕЛ може да погледнете на mtel.mk .

Спонзорирано: