12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Киднапирани и претепани малолетник и 19 годишник во Штип – Насилно ги киднапирале со возило марка сеат толедо, а потоа ги претепале

На 28.12.2022, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода О.У.(24), Б.У.(28), Ф.Ш.(20) и 17-годишен малолетник, сите од Штип.

Тие се сомничат дека на 27.12.2022 околу 17.30 часот со употреба на сила внеле 17-годишен малолетник од Штип во патничко моторно возило „сеат“, по што во близина на место викано „Мирјанина Црква“ во Штип физички го нападнале, при што употребиле и тврд предмет. Исто така, тие се сомничат дека во текот на денот со употреба на сила го внеле и М.Ј.(19) од Штип во возило „сеат толедо“, а подоцна во с.Шашаварлија, штипско, физички го нападнале и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Спонзорирано: