Centar.mk
ТЕХНОЛОГИЈА

Илон Маск најави побрза работа на „Твитер“

Американскиот претприемач и сопственик на „Твитер“, Илон Маск, денеска објави дека се направени промени на серверите со базата на податоци и дека ќе се забрза работата на мрежата.

„Направени се значителни промени во архитектурата на основните сервери. ‘Твитер’ треба да биде побрз“, напиша Маск на оваа социјална мрежа.

Вчера, беа забележани проблеми во работата на „Твитер“ и десетици илјади корисници во светот не можеа да пристапат до популарната медиумска платформа или да ги користат нејзините клучни елементи.

По неколкучасовен прекин, мрежата повторно стана достапна.

Можеби ќе ве интересира

Продолжен викенд: Подгответе се за авантура со Samsung Galaxy S26 Ultra и Galaxy Buds4 Pro

ДЕСК

Кога екранот исчезнува, а останува само доживувањето

ДЕСК

Еден клик може да ве остави без пари: Интернет измамите стануваат секојдневие

ДЕСК