Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Серија апсења на повеќе локации низ Македонија, ова се деталите

На 27.12.2022 во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја привеле Џ.Н.(33) од Гостивар затоа што кај неа биле пронајдени разновидни пиротехнички средства. По документирање на случајот, против неа ќе следи соодветен поднесок по член 15 став 1 од Законот за заштита од експлозивни материи.

На 27.12.2022 во 21.45 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода И.К.(27) од село Подареш, радовишко. При преглед на патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.12.2022 во 09.50 часот во Градски трговски центар во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Б.(34) од тетовско Теарце затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следи соодветен поднесок.

На 27.12.2022 во 22.00 часот на улица „1б4“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.М.(41) од Мала Речица. Тој, претходно, кога ги забележал полициските службеници почнал да бега, при што фрлил кесички со кокаин. А.М. бил фатен и приведен во полициска станица, а дрогата била пронајдена и одземена. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК