Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Големо намалување на цената на струјата за над 70.000 мали фирми

За 20,15 % се намалува цената на електричната енергија за над 70 илјади мали фирми кои се на регулираниот пазар, додека цената за домаќинствата за првиот блок се намалува за 4,11 % одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

„Цената на електричната енергија за над 70 илјади мали компании кои се на регулираниот пазар од 1 јануари ќе се намали за 20,15 %. Домаќинствата кои рационално ја користат електричната енергија ќе имаат намалување за 4,11 % во првиот блок, додека во вториот намалувањето ќе изнесува 2,95% , во третиот блок ќе има корекција од 0,85 % и четвртиот за оние кои трошат најмногу ќе има корекција од 7,65 %. Три постулати беа клучни врз основа на кои ја донесовме одлуката – да се обезбеди сигурно и стабилно снабдување со електрична енергија, да се заштити животниот стандард на граѓаните како и дополнително да се стимулираат потрошувачите да продолжат рационално ја трошат електричната енергија. Граѓаните и стопанството покажаа солидарност и одговорност во време на енергетска криза и оваа одлука е донесена како резултат на нивниот придонес во почитувањето на препораките за штедење. ЕСМ прикажа зголемено производство, и освен што во целост ги обезбедува количините за домаќинствата и малите потрошувачи, во исто време обезбедува поевтина струја за училиштата, прехранбената и месната индустрија, ЈКП. Да заклучам: рестрикции нема, струја има, цената за 70 илјади мали фирми е намалена за 20,15%, а за домаќинствата намалувањето е и до 4,11 %„ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Можеби ќе ве интересира

Отворен Саемот на мебел 2026 – „Инспирација за секој ден“ во „Борис Трајковски“

ДЕСК

Оваа недела ќе се одржи 57. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

ДЕСК

Самсунг (“Samsung“) ги претстави Galaxy А57 5G и Galaxy A37 5G уредите, со професионални функции по одлична цена

ДЕСК