17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
danela arsovska, mickoski
ТЕМАЛОКАЛНО

Дали Данела Арсовска и ВМРО ДПМНЕ побегнаа од предвремени избори за советници во Град Скопје со носењето на буџетот?

Бегаат ли од предвремени локални избори во Град Скопје, Данела Арсовска и ВМРО ДПМНЕ беа сложни во носењето на буџетот на град Скопје, кој синоќа беше изгласан од советниците на ВМРО ДПМНЕ и Левица, а предложен од Арсовска.

И покрај очекувањата во јавноста дека ВМРО ДПМНЕ ќе продолжи да ја минира Данела Арсовска се случи вистински пресврт. Дали големата кавга која се одвиваше во јавноста меѓу Арсовска и ВМРО ДПМНЕ е реална?

За потсетување ВМРО ДПМНЕ ја донесе Данела Арсовска на власт во Градот Скопје на локалните избори во 2021 година, но откако граѓаните масовно ги критикуваа постапките на локалните власти, опозициската ВМРО ДПМНЕ ја повлече поддршката, а се разменија и голем број обвинувања. Најчесто се зборуваше за тоа кој ги брцнал “рачињата во медот”, па потоа се случија блокадите на превозниците на ЈСП, за на крај цело Скопје да биде блокирано од приватните превозници со недели, причинувајќи штети од десетици милиони евра на реалниот сектор.

Дали ВМРО ДПМНЕ и Данела Арсовска го изгласаа Буџетот на Град Скопје за да не се случат предвремени локални избори за советници?

Доколку буџетот беше блокиран, извесни ќе беа локални избори на пролет, на кои ќе требаше да се избира нов советнички состав. Според аналитичарите евентуални избори на локално ниво би биле опасна игра за ВМРО ДПМНЕ која доколку доживее дебакл како што доживеа на изборите во Маврово Росуше и Центар Жупа, тоа би се одразило на следните парламентарни избори во 2022.

Познат е фактот дека рејтингот на ВМРО ДПМНЕ во Скопје драстично се намали по хаосот со градскиот превоз, загадувањето и тоталното промашување на локалната власт во повеќе проекти, од друга страна владејачката СДСМ зајакнува со оглед дека тешките обврски ги превзема владата и успешно се носи со нив како на пример парното за скопјани, Универзална сала, драстичната субвенција за струја на јавнит претрпијатија и превозот…

Советниците на СДСМ не го поддржаа Буџетот и беа воздржани, затоа што не е соодветен за потребите на граѓаните и проблемите на скопјани остануваат.

– Усвојувањето на нефункционалниот буџет на Град Скопје за 2023 година на вчерашната седница од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица е чист доказ дека изминатите неколку месеци бевме жртви на исценираната театарска претстава на ВМРО-ДПМНЕ и Данела, рече Васко Кичевски од СДСМ.