Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Тупанчески на годишен брифинг за медиумите:Ќе се носи нова Стратегија за развој на правосудниот систем 2023-2027 во која ќе бидат инкорпорирани препораките на ЕК

Министерот за правда Никола Тупанчески на годишниот брифинг за медиуми информираше за за работата на Министерството за правда во 2022 година и активностите кои се планирани за 2023 година. Присуствуваа и заменик министерот за правда Агим Нухиу и директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски.Тупанчески посочи дека медиумите имаат значајна улога во информирањето и пренесувањето на пораките на граѓаните до институциите.Потенцира дека во завршна фаза е имплементацијата на Стратегијата за реформа во правосудниот сектор а се заокружува и законодавната агенда.

– На 15 септември 2022 година во Брисел започна објаснувачкиот скрининг за Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права како дел од преговорите за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ.

– На 1 и 2 декември се одржа и билатералниот скрининг каде што претставниците од македонската делегација имаа можност пред Европската комисија да ги презентираат реформите кои ги спроведовме во областа на Правосудството и фундаменталните права.

-На 30 ноември 2022 година се стави во функција најголемата дигитална судница во државата во Идризово која е последниот од низата проекти кои ги реализираше Министерството за правда. Објектот се простира на површина од 1089 м2 со капицитет за 120 лица. Ова е најголемата и најопремената судница во Република Северна Македонија со судска сала од 290 м2. Изградена е по примерот на судниците во државите со големо искуство во сузбивањето на организираниот криминал.

— На 1 јануари 2023 година ќе се пушти во функција case management system во јавните обвинителства .

– Заокружувањето на процесот на реформи ќе биде со донесување на новата Стратегија за развој на правосудниот систем 2023 – 2027 и нејзиниот Акциски план каде што ќе бидат инкорпорирани сите препораки од Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија, како и препораките од сите извештаи изготвени во рамките на тековните проекти од ИПА.

Министерот Тупанчески посoчи дека се очекува до крајот на годината да имаме нацрт верзија каде што ќе се дефинираат целите за наредниот период, временската рамка од аспект на краткорочно, среднорочно и долгорочно планирање на активностите и финансискиот апсект во делот на јакнење на капацитетите на институциите. Нацрт Стратегијата ќе биде проследена и до Европската Комисија на мислење.

Во однос на законодавната агенда , во 2022 година се донесени:

Закон за надомест на жртви од кривични дела сторени со насилство;
Закон за граѓанска одговорност од навреда и клевета;
Законите за зголемување на платите на судската и јавнообвинителската служба и Предлог – Закон за извршување на санкциите со кои се зголемуваат платите за 15%.

Закони во собраниска процедура

Предлог на Закон за вештачење;
Предлог на Закон за плати на судиите и јавните обвинители;
Предлог измени и дополнувања на Кривичен законик
Предлог Закон за адвокатура
Предлог Закон за парнична постапка
Предлог на Закон за плати на членовите на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители;
Закони во владина процедура

Нов Закон за помилување

Закони кои ќе бидат доставени во владина процедура

Предлог на Закон за здруженија и фондации;
Предлог на Закон за процена; (системски измени со оглед на тоа што ова законско решение е донесено во 2010 година)
Предлог на Закон за правда на децата;
Предлог-закон за вонредна и воена состојба;
Предлог на Закон за кривична постапка;
Кривичен законик;
Закон за конфискација на имот

Согласно ажурирана Законодавна агенда, реформата во граѓанското законодавство ќе се спроведе преку донесување на Граѓански законик во Република Северна Македонија во 2024 година.