Centar.mk
БИЗНИСИЗБОРТЕМА

Се зголемува повратот за “Мој ДДВ” од 1800 на 2100 денари

Денеска Владата го утврди текстот на Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, предложен од Министерството за финансии, соопштија од Владата.

Како што информираат од владината прес служба, предложените измени, се зголемува највисокиот дозволен износ којшто може да се врати на едно физичко лице за едно календарско тримесечје.

– Односно, се планира највисокиот износ којшто може едно лице да го оствари, како право на поврат на дел од данокот на додадена вредност, да се зголеми на 2.100 денари по квартал за едно физичко лице. Сега овој износ по лице и по квартал е до 1.800 денари, велат од Владата.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: РАБОТЕЛЕ 40 ГОДИНИ, А СЕГА БРОЈАТ ДЕНАРИ – Зошто мирната старост за многу пензионери во Македонија останува недостижна?

ДЕСК

ПОВЕЌЕ ОД 70.000 ДЕЛОВНИ СУБЈЕКТИ СО ПРОМЕТ ОД 2,2 ТРИЛИОНИ ДЕНАРИ – Објавена структурата на македонската економија

ДЕСК

ПРОМЕТОТ СО ГОРИВА СО РАСТ ОД 38,7 ПРОЦЕНТИ – Што покажуваат новите бројки?

ДЕСК