Centar.mk
БИЗНИСИЗБОРТЕМА

Се зголемува повратот за “Мој ДДВ” од 1800 на 2100 денари

Денеска Владата го утврди текстот на Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, предложен од Министерството за финансии, соопштија од Владата.

Како што информираат од владината прес служба, предложените измени, се зголемува највисокиот дозволен износ којшто може да се врати на едно физичко лице за едно календарско тримесечје.

– Односно, се планира највисокиот износ којшто може едно лице да го оствари, како право на поврат на дел од данокот на додадена вредност, да се зголеми на 2.100 денари по квартал за едно физичко лице. Сега овој износ по лице и по квартал е до 1.800 денари, велат од Владата.

Можеби ќе ве интересира

ВОЛСТРИТ ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК – Вредноста на технолошките акции се намали за илјадници милијарди долари

ДЕСК

СВЕТСКАТА БАНКА ПРЕДУПРЕДУВА – Западен Балкан расте, но извозниците се соочуваат со сериозни пречки

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ПОБЛИСКУ ДО РОАМИНГ КАКО ДОМА – ЕУ започна преговори со Западен Балкан

ДЕСК