Centar.mk
ЛОКАЛНО

СДСМ: Откако самата призна, ДКСК да го истражи скандалот со Стаменковска во општина Гази Баба, 27.12.2022

Изјава за медиуми, Берат Бесел, советник во советот на Општина Гази Баба:

Секретарот на општина Гази Баба, Невенка Стаменковска Стојковски вчера призна дека имала потпишано договор за дело со општината каде е вработена.

За тој договор Стаменковска како давател на услуги добивала хонорар од исто место од каде добива плата.

По ваквото признание на ред се да постапат надлежните институции. Ја повикуваме Државната комисија за спречување корупција да постапи и да го истражи овој случај.

Ова, почитувани, е уште една потврда дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, дека оваа партија освен за грабање на парите на граѓаните, не знае ништо друго.

Можеби ќе ве интересира

Важна вест за скопјани: Посебен режим на сообраќај во недела

ДЕСК

Бесплатни стоматолошки прегледи за децата и пензионерите во општина Центар

C +

Перински: Воспоставена база на експерти за стручна поддршка на општините, повикот повторно отворен за аплицирање

ДЕСК