Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СРЕДБА НА РАБОТНАТА ГРУПА ЗА УЧЕСТВО НА ДИЈАЛОГОТ ЖАН МОНЕ

Денес се одржа 5. работна средба на Работната група за учество на Дијалогот Жан Моне во полн состав, на покана од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, кој е и координатор на оваа Работна група. Работата се одвиваше во присуство на потпретседателите на Собранието, Мисовски и Исмаили, координаторите и претставниците на пратеничките групи од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ДУИ, НСДП, АЛТЕРНАТИВА, Алијанса за Албанците, БЕСА и претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања. На средбата беше присутен и надворешниот експерт, Јетон Шасивари и претставници од стручната Служба на Собранието.
Присутните на средбата работеа по претходно утврдениот начин на работа, со продолжување на разгледување на членовите од Член 166 до крајот на Деловникот, паралелно со предлог Деловникот изготвен од Службата. Средбата се одвиваше со конструктивен придонес на сите присутни. Работата се прекина со заклучок на претседателот дека наредната работна средба ќе биде закажана во втората половина на месец јануари во новата 2023 година.
За текот на работата на оваа средба, како и при секоја средба на Работната група за учество на Дијалогот Жан Моне, до европратениците Шидер, Валсман и Ќучук ќе биде пратен Записникот од средбата на Групата.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +