Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Шаќири: ја подигнуваме инклузијата на образовниот систем, следната година уште поголема поддршка за учениците со попреченост

Ќе продолжиме да ја подигнуваме инклузивноста на образовниот систем, затоа што сите деца мора да имаат подеднаков пристап до квалитетно образование. Покрај континуираните обуки за наставниот кадар во редовните училишта, набавката на нагледни средства и помагала, доделувањето на стипендии и слично, следната година ќе ја зголемиме и поддршката во форма на образовна асистенција за учениците со попреченост, која повеќе не е товар на родителите и старателите, туку обврска на државата.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири за време на денешната посета на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, каде заедно со директорот на училиштето Роберт Филиповски и пратечничките во Собранието на Република Северна Македонија, Марија Кочовска и Бети Рабаџиевска Наумовска на учениците со попреченост кои се дел од редовниот воспитно – образовен процес, им доделија новогодишни пакетчиња обезбедени од Центарот за поддршка на учењето на децата со попреченост.

“Во буџетот на МОН за следната година предвидовме повеќе средства од година, за ангажирање на образовни асистенти кои им помагаат на учениците со попреченост во совладување на наставната материја и училишните обврски. Секој што ќе побара образовен асистент за своето дете и ќе ги исполни законските услови, ќе излеземе во пресрет и ќе ги задоволиме сите потреби по овој основ“, истакна Шаќири.

Министерот потсети дека во тековната учебна година бројот на ангажирани образовни асистенти во редовните основни училишта е 720, односно за 220 повеќе од минатата година.

Директорот на училиштето, Филиповски го информираше министерот за сите успеси и постигнувања на учениците и наставниците во 2022 година и како што рече, процесот на инклузија во училиштето се одвива добро и ќе остане приоритет и следната календарска година.

Можеби ќе ве интересира

Од шверц до естетски интервенции: под истрага мрежа што го загрозувала здравјето на граѓаните

ДЕСК

ИЗМАМА ПРЕКУ ФЕЈСБУК: Лажно нудела станови, земала пари како капар

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА СО АКЦИЈА: Марихуана одземена во Кочани и Облешево

ДЕСК