Centar.mk
БИЗНИС

Лебот на „Жито лукс“ поевтини за 9,8 отсто (фото)

Еден од најпродаваните производи на „Жито лукс“, белиот леб сечен на апрчиња, во пакување по 470 грама, конечно поевтини. Тој до сега се продаваше за 51 денар за векна, а сега неговата цена изнесува 46 денари или за 9,8 отсто помалку, пишува Независен.мк.

Ова намалување е речиси на граница на најавите на владините министри кои велеа дека очекуваат поевтинување на прехранбените производи за околу 10 отсто, откако Владата донесе мерки со кои им излезе во пресрет на производителите, намалувајќи ги влезните трошоци за електрична енергија.

Производителите, пак, беа резервирани, бидејќи, како што образложуваа, електричната енергија е само еден од чинителите, покрај цените на суровините на светските пазари.

И од опозицијата постојано ја прашуваа владата зошто производите, пред сѐ, основниот прехранбен артикал, лебот, сѐ уште се продава по повисоки цени.

Можеби ќе ве интересира

Samsung Galaxy S26 Серијата и Galaxy Buds4 Серијата сега достапни ширум светот

ДЕСК

Нов Правилник за остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице

ДЕСК

Енергетската транзиција забрзува: Средба Божиновска со директорот на Енергетската заедница Лорковcки

ДЕСК