Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Јавна дебата за предлог – Законот за вработени во одбраната

Денеска, 26.12 (понеделник) во 14.00 часот во Домот на Армијата ќе се одржи јавна расправа по предлог – законот за вработени во Министерството за одбрана, која ќе ја отвори министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

На отворањето на Јавната расправа ќе се обратат и државниот секретар во Министерството, Владимир Анчев, како и претседателот на Комитетот за Проектот МКД-НАТО 2030, проф. д-р Марјан Ѓуровски.

На Јавната расправа ќе биде презентирана потребата од донесување на ново законско решение за регулирање на статусот на вработените во одбраната како дел од системот за национална безбедност, со фокус на спецификите на обврските во областа на одбраната.

Можеби ќе ве интересира

„Над 50% од ваучерите за инвертер клими се веќе подигнати“, информира Министерството за енергетика

C +

Полицијата му упадна дома – претреси и апсење во Скопје

ДЕСК

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата низ Македонија

ДЕСК