Точно е дека составот на супи од кесичка не е добар за здравјето на луѓето, пред се затоа што во овие супи има многу сол, потоа тестенини од бело брашно, со други зборови, многу јаглехидрати и посебен проблем се озлогласените транс масти, односно хидрогенизираните растителни масти и засилувачите на вкусот.
Истражувањата потврдија дека жените кои консумираат големи количини вештачка супа имаат поголем ризик од метаболички синдром во споредба со жените кои ја јадат поретко.
Овие лоши ефекти биле откриени кај жени кои ја јаделе супата од кесичката два пати неделно.
За разлика од честото консумирање, умереното консумирање не е опасно, па овие супи се препорачуваат дури и за настинки, треска, дијареа и повраќање, бидејќи се добар извор на течности за замена на изгубените електролити.
За тоа најмногу е виновна високата содржина на транс масти, додека високата концентрација на шеќер и сол ги оштетува клетките и ги поттикнува воспалителните процеси во телото.