Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Два пожари на автомобили во Радовиш

Како што информира полицијата на 24.12.2022 во 07.16 часот во с.Јаргулица, радовишко, во двор од куќа сопственост на Б.Ѓ.(62) настанал пожар на патничко возило „пежо 206“, сопственост И.Л. од с.Владевци. Пожарот бил изгаснат Територијалната противпожарна единица Радовиш. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

Исто така на 24.12.2022 во 03.00 часот бил пријавено дека во Радовиш, во двор од куќа сопственост на М.Д., настанал пожар на патничко возило „бмв 525“, од кој било зафатено уште едно негово патничко возило „опел астра“, двете со радовишки регистарски, при што била оштетена бојата на две врати. Од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат. Извршен увид од увидна екипа од Полициската станица Радовиш, велат од полицијата.

Можеби ќе ве интересира

СТИГНУВА СТУДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА – Дожд, силен ветер и снег на планините, температурите нагло ќе се намалат

ДЕСК

ВЕЧЕРВА СПРОТИ АРАНЃЕЛОВДЕН – Кои обичаи се негуваат во домовите и што се прави утре на големиот празник?

ДЕСК

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Свети Архангел Михаил, небесниот заштитник и предводник на ангелите

ДЕСК