Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

БЕСА ги условува уставните измени со предвремени избори

Движењето БЕСА нема да даде поддршка за уставните измени ако нема договор за предвремени избори рече денеска лидерот Билал Касами на прес конференција.

„Ако за власта се приоритет уставните измени, односно внесување на Бугарите во уставот тогаш ќе мора да се направи компромис за предвдемени избори. Мислам дека ако се има волја за да се решат проблемите и актуелните во делот на интегрирањето и економските и енергетските и за слабото менаџирање на институциите, се надевам дека можеме да се договориме и за уставни измени и за избори“, рече Касами.

Тој најави и соработка со другите опозициски партии за евентуално порадикални мерки.

„Ќе се разгледа можноста од пролет ако власта нема слух за проблемите и да излезе да се соочи со граѓаните на предвремени избори ќе се разгледаат заедно со другиот дел од опозицијата, албанска, во делот на ораганизирање на протести и секаков вид на притисок врз власта за да се слушне гласот на граѓаните и што побрзо да се оди на превремени избори“, изјави Касами.

Можеби ќе ве интересира

Ахмети ќе учествува на лидерската средба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

ДЕСК

НОВИ НАЈАВИ НА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ: Повторно дожд, снег и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК