Centar.mk
БИЗНИС

MaxBet ќе го освојува македонскиот пазар – отворени канцеларии во Скопје

Европскиот бренд, MaxBet, во сабота, 24 декември, го отвори своето седиште на македонскиот пазар, во Скопје. MaxBet со вкупно 3000 вработени ќе биде присутен на многубројни локации во повеќе од 20 македонски градови.

Оваа инвестиција е само првиот чекор во стратешкиот пристап кон развојот на македонскиот пазар. Со отварањето на новото седиште, компанијата ќе вработува луѓе од различни профили кои ќе работат во најсовремени работни услови и кои ќе бидат силна стратешка поддршка во ширењето на малопродажната мрежа во оваа земја, која ќе се зголеми уште двојно во 2023 година.

„Со отворањето на новото седиште, компанијата MaxBet продолжува со инвестиции кои ќе го подигнат бизнисот на уште повисоко ниво и ќе нè доведат до лидерска позиција на регионалниот пазар во наредниот период. Квалитетната понуда на игри, работата на нови решенија и уникатното корисничко искуство се императив на нашиот бизнис на секој пазар. Со отворањето на седиштето го означуваме првиот чекор во експанзијата на MaxBet на македонскиот пазар и многу сме задоволни да работиме во оваа земја“, изјави Дарко Живанов, Извршен директор (CEO) на MaxBet.

На официјалното отворање на канцелариите присуствуваа локални функционери, деловни партнери на компанијата и вработени во MaxBet. По отворањето на седиштето во Северна Македонија, MaxBet ќе продолжи со ширење на својата мрежа во земјата и ќе продолжи со регрутирање кадри за различни позиции во секторот на игри на среќа, а ќе биде и придружна поддршка на Дирекцијата во форма на работни места во ИТ секторот, правно-финансискиот, маркетинг секторот итн.

Можеби ќе ве интересира

На 23 април 2026 година во Холидеј Ин Скопје ќе се одржи Quantum – Светскиот форум за хотелска технологија, во организација на NAITM Македонија, а поддржано од платформата Quendoo

ДЕСК

Усвоен Националниот план за енергија и клима 2025–2030 – 61 мерка која ќе донесе силен раст на обновливите извори и европски стандарди во енергетиката

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Силна Царинска управа е клучна за стабилни јавни финансии, заштита на економијата и поддршка на стопанството

ДЕСК