Centar.mk
БИЗНИСвест

Анкета на „Drejt“: Трговците потврдуваат дека има благ пад на цените на основните прехранбени производи

Цените на основните прехранбени производи се намалени, така што лебот е намален за 5 денари, а намалување има и кај пилешкото месо, стекот и батакот, се вели во анкетата што ја направи интернет порталот Drejt, на албански јазик.

Репортерот на Drejt разговараше со дел од сопствениците на мали бизниси, како што се пекарниците и месарниците, кои го потврдија падот на цената на лебот и на некои месни производи.

„Во моментов ги намаливме само пилешкото месо – стекот и батакот, а цената на говедското месо не е променета. Цената на стекот е за 40 денари или 50 денари помалку, додека на батакот за 40 денари. Највисока е цената на јунешкото месо, која е 650 денари, додека говедското е 580 денари. Засега немаме попуст на говедско и јунешко месо“, вели еден од трговците кој поседува месарница“ – изјави сопственикот на месарницата со кого разговараше екипата на Drejt.

Сопственик на пекара во Скопје потврди дека лебот е поевтин за 5 денари.

„Лебот го намаливме за 5 денари, веќе од пред неколку дена. Порано беше 40 денари, а сега чини 35 денари. Највисоката цена на лебот беше 40 денари“ – изјави сопственикот на пекарата.

Drejt.mk е дел од медиумската платформа на Цивил, на албански јазик.

Н. А.

Извор: Drejt/ Civilmedia

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК