Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Кумановец ограбил обложувалница, му се заканил на вработениот со дрвена палка

Кумановското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишен кумановец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво.

На 21 декември, во обложувалница на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово, осомничениот влегол со дрвена палка и му се заканил на вработениот дека ќе го убие ако не му даде 1.000 евра.

Оштетениот, исплашен за својот живот, заедно со осомничениот влегол зад пултот, ја отворил касата и му го предал целокупниот промет во износ од 7.000 денари. Осомничениот со парите веднаш избегал од местото, информираа од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основниот суд во Куманово поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постои основан страв дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и оправдан страв дека може да се даде во бегство, но и да го повтори кривичното дело со оглед на тоа дека се работи за лице кое претходно е осудувано за истородни кривични дела против имотот.​

Можеби ќе ве интересира

„ЕУ за општините“ го објави првиот практичен прирачник за управување со проекти финансирани од ЕУ

ДЕСК

Јаневска: Реформската агенда ни наложува промени во високото образование, за тоа е потребна и нова законска рамка што сега ја креираме

ДЕСК

Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина

ДЕСК