Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Апсења на повеќе локации во Македонија, уапсени неколку лица

Денеска (24.12.2022) во 02.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р.(39) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.12.2022 во 23.00 часот во Градскиот парк во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.С.(22) од Велес, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.12.2022 во 20.50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.А.(22) и уште двајца малолетници, сите од Тетово, затоа тоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНД СО СОНЦЕ И УТРА ДО −3 °C – Од понеделник услови за слаб локален дожд

ДЕСК

Дафина Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

ДЕСК

БРИСЕЛ БАРА ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ – Рокас го предаде извештајот на ЕК и предупреди на слабостите во борбата против корупцијата

ДЕСК