Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стоилковски: Данела Арсовска среде кризи бара 11 милиони денари за пресови и рекламирање

Единаесет милиони денари бара Данела Арсовска за прес-конференции и приватна продукција за медиумски активности, објави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Како што рече, предлог-програмата е поднесена од Секторот за поддршка на градоначалникот за 2023-та година за активности на Град Скопје.

„ Арсовска бара 11 милиони денари за да периодично истражува приоритети за јавните претпријатија, ама и за Развој на креативен концепт и стратегија за комуникација со граѓаните! За јавните претпријатија како ЈСП кои што тонат во долгови!. Данела Арсовска бара 11 милиони од буџетот за, цитирам „преку копродукција се изработуваат видео и аудио материјали во форма на кратки едукативни и информативни видеа”! Еве што е наведено за овие 11 милиони во оваа предлог програма: организирање на медиумски настани и прес конференции, објавување информации на веб порталот и социјалните мрежи, организирање на важни датуми, активности, Отворен Град 24“, изјави Стоилковски.

Додаде дека во Град Скопје има Сектор за поддршка на градоначалникот со одделение, за односи со јавност и комуникација со граѓаните. Таму има раководител и осум вработени на плата. Арсовски праша зошто за истата работа, би се давало речиси еден милион месечно на приватна продукција или фирма.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза, доаѓа промена на времето – Детална прогноза за 2-ри март 2026

ДЕСК

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +