Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРАИЗБОРвест

Костадиновска Стојчевска: Од седиштето на УНЕСКО во Париз започнува одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска информира дека наредната година преку низа активности ќе се одбележи стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов. Таа кажа дека листата на активности најверојатно ќе се надополни.

-Стогодишнината ќе се одбележи на највисоко централно ниво со вклученост и на претседателот на Република Северна Македонија, МАНУ и УНЕСКО. Министерството за култура ќе биде носител на сите тие активности за 2023 година. Јубилејот ќе го започнеме со поетски перформанс во седиштето на УНЕСКО во Париз, а потоа ќе следува уметничка изложба, неколку конкурси, поетска вечер во чест на Шопов на Струшките вечери на поезијата, промоција на книги и реизданија, а ќе се заврши со премиерна изведба на балетот „Молитви на моето тело“, инспириран од поезијата на Ацо Шопов, рече Костадиновска Стојчевска.

Министерката додаде дека иако станува збор за централна програма, таа ќе се реализира со сите културни установи, научни и образовни институции и е замислено да е целосно достапна за сите граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Доделување на наградата „Оливера Николова“ и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски

ДЕСК

„Матица македонска“ ја објави „Овие тивки, темни води“ од Кристина Мекдоналд, авторката на „Ноќта кога Оливија падна“, најпродаваната книга според USA Today

ДЕСК

Black Friday во „Литература.мк“ со попусти до 90% цел месец!

ДЕСК