17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација / Pixabay
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Уште две тешки сообраќајки во Македонија – има повредени

На 21.12.2022 во 08.27 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат од с.Градец кон с.Боговиње, кај с.Пирок, патничко моторно возило „фиат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(19) од с.Градец, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото П.А.(20) од с.Градец, а со телесни повреди се здобила Е.Б., констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

На 21.12.2022 во 12.54 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопат Гостивар-Тетово, во близина на Пирочки натпатник, патничко моторно возило „опел мерива“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(57) од Гостивар излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.