Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски е во паника, неговиот ментор Груевски со повисок рејтинг од него

Соопштение на СДСМ:

Христијан Мицкоски кој е во заложништво на Димитар Апасиев и Левица е во паника, затоа што неговиот ментор, Никола Груевски е со повисок рејтинг од него.

Затоа Мицкоски секојдневно се расфрла со екстремни и радикални изјави, затоа и за време на хибридни напади кон институциите, тој тера политика и одработува за туѓи интереси.

На Мицкоски веќе не му е важно што е добро а што не за државата и граѓаните, туку му е важно само да не заостанува зад Апасиев.

Поради таквиот однос на Мицкоски градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ прават хаос во општините што ги раководат, поради таквиот негов однос ВМРО-ДПМНЕ постојано е на спротивната страна од државните и националните интереси.

Самиот Мицкоски постојано потврдува дека е слаб, без став, без план, подготвен на секаква деструкција, само за да се докаже пред Апасиев.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +