Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

ВМРО-НП со повик до Владата за купување на дронови

„Од војната меѓу Украина и Русија гледаме дека дроновите се покажаа како многу ефикасно оружје за напад, но и за одбрана на сопствената територија. Денеска од средбата меѓу турскиот претседател г-динот Ердоган и албанскиот премиер Еди Рама дознавме дека веќе и Албанија купила од ова моќно турско оружје наречено „Бајрактар“ а веќе е и најавено дека и Косово ќе купи од истите тие дронови“ соопштија од ВМРО-Народна партија.

„ВМРО-Народна партија ја повикува Владата на Северна Македонија, а посебно и министерството за одбрана во догледно време исто така да влезе во преговори со нашиот турски пријател за купување на соодветна количина на дронови. Не гледаме причина зошто овие наши два соседи да поседуваат такво оружје, а македонската одбрана да биде надвор од тој процес“ се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК