Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски на свечен прием по повод 21 Декември – Ден на наставата на турски јазик

Фејсбук статус на Министерот за внатрени работи, Оливер Спасовски:

Со посебно задоволство одговорив на поканата на Сојузот на турски невладини организации во РСМ – МАТУСИТЕБ, да присуствувам на свечен прием по повод 21 Декември – Ден на наставата на турски јазик, на кој присуствуваше и претседателот на Големото национално Собрание на Република Турција проф. д-р Мустафа Шентоп.

Во оваа прилика, во свое и во име на МВР упатувам искрени честитки до турската заедница во РСМ по повод Денот на наставата на турски јазик, a мудрите зборови на големиот Мустафа Кемал Ататурк – „народот што ја дава последната жртва за животот и слибодата, не може да биде победен”, нека ни го осветлуваат патот на меѓусебната почит и солидарноста. Бидејќи, почитта кон различностите е нашата сила и духовна големина во зачувувањето на вредностите во нашето мултикултурно општество, од кое турската заедница е несомнено значаен и неделив дел.

Уште една голема мисла од Ататурк вели: “Учителите и образованието се тие кои ги спасуваат нациите”. Во тој дух, нека образованието на мајчин јазик остане столб на нашето демократско Едно општество за сите граѓани.
Нека е за многу години 21 Декември – Денот на настава на турски јазик.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +