24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јанчева: Хаосот во Скопје го создадоа Мицкоски и Арсовска, треба работа, а не жалење

Хаосот во Град Скопје е последица од неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Данела Арсовска, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

„Арсовска беше кандидатка на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тие бараа поддршка за неа, Арсовска во белиот дворец ја славеше победата, каде ја пречека врвот на ВМРО-ДПМНЕ. На тие избори СДСМ загуби во Скопје, а на официјалниот веб сајт на ВМРО-ДПМНЕ уредно е објавено дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата преку поддршка на Данела Арсовска убедливо победиле во Скопје и во други 42 општини. Бадијала Мицкоски се обидуваше да се оттргне од Арсовска, бадијала изразува жалење за неговите проценки.Ништо не го пере Мицкоски од одговорноста за хаосот што се случува во главниот град“, вели Јанчева.

Според него, наместо да се жали, Христијан Мицкоски треба да понесе одговорност за хаосот што му се случува на Скопје.
„И градоначалничката и претседателот и мнозинството во Советот и мнозинството во надзорните и управни одбори во јавните градски претпријатија, сите се поврзани со него и со ВМРО-ДПМНЕ. За само една година, ВМРО-ДПМНЕ го блокираше Градот, Скопје денес стагнира, нема нови проекти, нема довршување ниту на наследените, но затоа има партизација и колапс на јавните претпријатија и културните институции“, додаде Јанчева.