23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ГАЛЕНИКА: КОРИСТЕЊЕ НА ЛЕКОВИ ВО МАКЕДОНИЈА

Фармацевтската компанија Галеника спроведе национално истражување за состојбата со здравјето и употребата на лекови во Македонија. Истражувањето е со цел да се види каква е состојбата после, односно поради пандемијата. Очигледна е свеста за важноста на превенцијата на болестите, како и потребата да се подигне свеста за здравствените ризици и предизвици. Податоците говорат дека употребата на лекови во Македонија е конзистентна со земјите од регионот каде Галеника е веќе присутна со своите производи.

„Со ова истражување, кое го спроведовме и во земјите од регионот, Галеника сака преку релевантни податоци да придонесе за подигање на свеста за важноста на превенцијата и зачувување на здравјето на граѓаните во Македонија, како и за проширување на нашето портфолио со висококвалитетни производи кои на најдобар начин ќе одговорат на моменталните потреби на корисниците. Галеника секогаш настојува да обезбеди дополнителна вредност на пазарот, а сознанијата стекнати преку ова истражување го сметаме за вредност која ќе се фокусира на она што е највредно за нас, а тоа е здравјето и неговото зачувување“, вели Даниел Јаневски, директор на претставништвото на Галеника во Македонија.

Најчесто користени лекови
Според истражувањето на Галеника во домашните аптеки на граѓаните во Македонија најчесто се наоѓаат производи кои регуларно може да се издаваат без лекарски рецепт, – 80% од испитаниците одговориле дека вообичаено дома ги имаат овој тип на производи, како што се таблети, капсули, масти и гелови за вообичаените тегоби или болести. Видови на лекови кои граѓаните ги имаат во своите домашни аптеки, независно дали спаѓаат во оние кои регуларно се издаваат со рецепт или не, најчести се лековите за настинка, воспалено грло и кашлица (75%), додека 73% се изјасниле дека дома имаат антипиретици за намалување на високата температура, а аналгетици имаат 61% од луѓето. Употребата на производи против алергија покажува глобален раст, а во Македонија домашните аптеки на 47% од населението содржат и антиалергични лекови. Една од состојбите која често се среќава во истражувањето е дијарејата поради што 44% од луѓето дома имаат лекови и препарати за оваа тегоба. Во домашните аптеки кај 37% има и лекови и препарати за обработка на површински рани.

Акутни здравствени проблеми
Главоболките или болките во рбетот и екстремитетите се најчестите акутни проблеми за граѓаните на Македонија. Според истражувањето 85% од испитаниците се пожалиле на овој тип на болки, додека 61% се соочуваат со респираторните инфекции со/и без повисока температура. И тоа 38% се изјасниле дека со респираторни проблеми се соочуваат 1 до 3 пати годишно, а 24% рекле дека состојбата се повторува повеќе од 4 пати годишно. Гастроинтестиналните проблеми се појавуваат во одговорите на 60% од испитаниците, додека алергијата е присутна во анкетите на 36% од испитаниците.
Дури 2/5 или 40 % од луѓето користат аналгетици на месечно ниво, додека 22% од испитаниците ги користат на неделно ниво. Останатите 38% се изјавиле дека користат ретко или не користат. Многу помал број од испитаници се изјасниле дека посегнуваат по лековите за смирување, и тоа 15% се неделни корисници, а 13% се месечни корисници, додека 1/5 од луѓето имаат лекови за полесно варење. Овие податоци укажуваат на современ начин на живот кој со себе носи стрес и лоши навики во исхраната, кои изискуваат поддршка.
Од јануари 2020 година 63% од луѓето користеле антибиотици. Во просек луѓето земале 2,6 пакувања антибиотици од почетокот на пандемијата.

Хронични состојби и лекови

Истражувањето на Галеника покажува дека нешто повеќе од една третина од луѓето велат дека имаат хронична состојба поради која мораат редовно да користат лекови. И тоа 15% од испитаниците се соочуваат со кардиоваскуларни проблеми, што значи дека болестите на срцето и на крвните садови се најчестото хронично заболување. Алергиите се високо листата со 7% главоболките и дијабетес со по 6%, по што следат ревматолошките проблеми со 5%. Испитаниците подеднакво се пожалиле на болестите на штитната жлезда, на ‘рбетниот столб, на органите за варење, на белодробните заболувања, како и стресот и другите психолошки проблеми – по 4%.
Граѓаните на Македонија со хронични заболувања во просек користат по 3,3 различни лекови за лекување на хронични состојби.

Суплементи
Речиси 2/3 или 61% од испитаниците се изјасниле дека конзумираат намирници и состојки за кои сметаат дека се корисни за нивниот имунитет. Физичката активност е вториот приоритет за одржување на здравјето, односно 55% од испитаниците се изјасниле дека одат на редовни прошетки или рекреативно спортуваат. Од додатоците за зајакнување на имунитетот граѓаните преферираат или суплементи со витамини и минерали или препарати посебно наменети за подигање на имунитет – 48%.

Минералите и витамините вообичаено се користат сезонски, односно кога луѓето сметаат дека им е потребна заштита, а најголем број испитаници претпочитаат поединечни витамини и минерали.
Луѓето во просек земаат најчесто околу 3 производи на минерали и витамини.
При изборот на производот најмногу влијае советот од докторот, а потоа на фармацевтот.
Сепак, кога се бира лек во аптеката, речиси 4/5 луѓе сметаат дека советите на фармацевтот се важни.
За здравствени проблеми 3/5 од населението секогаш се обраќаат на лекарот за совет, додека останатите кај доктор одат само за посериозни здравствени проблеми.

За 65% од граѓаните во Македонија Интернетот е важна алатка за истражување на сопствените симптоми или за добивање дополнителни информации за добиената здравствена дијагноза.

Собирањето податоци за истражувањето на Галеника во Македонија го спроведе ИПСОС во периодот на септември-октомври 2022 година, во урбани и рурални средини, меѓу населението на возраст од 18-70 години, мажи и жени.