Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Бочварски: Менаџментот на Македонска Пошта со помошта доби и обврски, очекуваме план за рационализација на трошоците

„Менаџментот на Македонски Пошти доби обврски и задачи како да продолжи со работата во однос на тоа дека Владата очекува да види процес на рациионалиација на трошоците“ изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека паралелно со тоа Македонски Пошти ќе продолжат да добиваат поддршка за да може редовно да функционират, бидејќи се значајна институција за граѓаните и економијата.

„Не доделивме помош на Пошти бидејќи така сметал раководниот тим, туку добија конкретни задолженија и веднаш по Нова година, директорот треба да дојде со план, тоа е задолжението, за да направиме увид кои се следните чекори на Македонски Пошти и целиот менаџмент за да продолжи со работа и наредната година“ рече Бочварски.

Министерот кажа дека државата и Владата се тука да помогнат, но на менаџментот е да направат максимум за рационализација на трошоците.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК