Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

165 санкционирани возачи во Скопје, 18 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 165 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.