Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СТРАВИЧНА НЕСРЕЌА ВО ВЕЛЕС: Мерцедесот пронајден, познат идентитетот на возачот кој е во бегство откако прегази мајка и 11 годишно девојче кое загина

Мерцедесот е пронајден, а познат е идентитетот на возачот кој е во бегство откако прегази мајка и 11 годишно девојче кое загина синоќа во нешто по 22 часот на пешачки премин во Велес.

29-годишниот А.Н. од Велес кој синоќа побегна од местото на несреќата и натаму бега од полицијата.

Како што информираа надлежните вчера вечерта автомобил марка мерцедес удрил во мајка и ќерка, при што 11 годишното девојче починало на лице место, а нејзината мајка со повреди е пренесена во болница. Таа денес е пуштена на домашно лекување.

За време на несреќата телото на 11 годишното девојче излетало дури на следниот пешачки премин, што е значително растојание, а лицето во мерцедесот со голема брзина побегнало од местото на несреќата.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +