„ВМРО ДПМНЕ за само една година во Скопје направи пепел, го доведе градот до состојба да не може да ги обезбеди ниту основните функции. ВМРО-ДПМНЕ го заглави градот, како што 11 години Македонија што беше заглавена. Покажаа дека се најнеспособната локална власт во историјата на главниот град. Градот назадува, нема нови проекти, наместо бесплатен јавен превоз, за прв пат во историјата Скопје остана без превоз“ соопштуваат од владејачката партија.
Оттаму посочуваат дека „Додека во градот владее хаос, тие се скараа за бизнис интереси, тендери и провизии, чии раце да бидат во медот. Од кавгата меѓу Христијан Мицкоски и Данела Арсовска произлегоа скандалозни закани и навреди. Според сведоштвата на Арсовска, Мицкоски и се заканувал дека ќе ја влече по улици и со неа под ќе брише“.
„До пред само неколку месеци, Арсовска за ВМРО-ДПМНЕ беше најдобра градоначалничка, а сега и бара доказ дека е во добра психофизичка состојба. И додека јавноста слуша за закани, клевети и навреди меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, СДСМ прави се за да ги реши проблемите на скопјани. Парното во Скопје веќе го презема и го управува Владата, откако Арсовска и мнозинството во Советот од ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од него“ велат од СДСМ.