27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведени двајца криминалци од Прилеп за кражби и доиздржување на затворска казна

Вчера во 14.30 часот на ул.„Венјамин Мачуковски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром, со судска наредба, го лишиле од слобода Д.К.(37) од Прилеп.

Тој бил осуден на 13 години казна затвор за сторени кривични дела по член 123 став 1 и член 396 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница за доиздржување шест години и еден месец од казната. При лишувањето лицето се идентификувало со лична карта на друго лице од Прилеп.
Во исто време, на ул.„Петар Ацев“, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода и Д.К.(37) од Прилеп.
Притоа, кај двајцата биле пронајдени и одземени повеќе парчиња накит и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела „тешка кражба“ и предмети со кои ги извршувале делата.
Приведениот Д.К. на ул.„Венјамин Мачуковски“ бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната. По целосно документирање и расчистување на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти полицијата.