Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Освен по тендери, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со истата насилничка и режимска матрица

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истата партија со насилничка и режимска матрица која 11 години ги тероризираше граѓаните и државата, а се грижеше само за тендери и провизии, велат од владејачката СДСМ.

Според оваа партија, кавгите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од една и Данела Арсовска од друга страна, открија шокантни, скандалозни признанија за навреди и закани за влечење по улици и бришење подови.

„Ако Мицкоски сега од опозиција се заканува на актуелен градоначалник, може само да се замисли како ќе постапува ако по некоја случајност добие шанса да предводи централната власт. Граѓаните со Мицкоски ги очекуваат закани, насилство, навреди, уцени, ништо добро. Се виде во изминатите 12 месеци како ВМРО-ДПМНЕ управува со Град Скопје“, се истакнува во соопштението од СДСМ.

Додека Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се расправаат за бизнис влијанија, пари и тендери, граѓаните, како што оценуваат од СДСМ се заборавени, Град Скопје е во хаос, а јавните претпријатија се во колапс.

Штетата од тоа ја трпат граѓаните на Скопје, дополнуваат од партијата на власт.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +