Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Изречена 161 мерка за пребрзо возење на тетовско-гостиварското подрачје

Во рамките на континуираните активности на СВР Тетово за поголем ред и безбедност на патиштата денеска (17 декември) од 10 до 15 часот беше спроведена акциска контрола за брзина, во која се откриени и законски санкционирани 96 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-54 и ГВ-42).Пет од пречекорувањата на брзината биле за повеќе од 70 километри на час (ТЕ-3 и ГВ-2), 25 до 70 километри на час (ТЕ-10 и ГВ-15) и така натаму.

Покрај ова, санкционирани се и 65 пречекорувања на брзината во населено место(ТЕ-43 и ГВ-22), како и 2 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.На сите возачи-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци и ќе се соочат со адекватни парични глоби и со заштитни мерки, зависно од големината на пречекорувањето, односно со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.

СВР Тетово повторно со апел до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и целосно да ги почитуваат сите важечки знаци, правила и прописи, со што непосредно ќе придонесат за посигурни патишта во регионот и пошироко.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК