Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Кавгите на ВМРО-ДПМНЕ со Арсовска открија шокантни признанија за закани од Мицкоски

Кавгите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од една и Данела Арсовска од друга страна, открија скандалозни признанија за навреди и закани за влечење по улици и бришење подови. Заканите што ги посочува Арсовска потврдуваат, дека нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата насилничка матрица, која граѓаните на своја кожа ја чувствуваа цели 11 години, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека навреди, клевети, уцени, закани за физичко насилство, тоа е матрицата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски. Додека Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се расправаат за пари и тендери, интересот и потребите на граѓаните се заборавени, Град Скопје е во хаос, а јавните претпријатија се во колапс.

Штетата од тоа ја трпат граѓаните на Скопје, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Усвоен Предлог законот за парнична постапка, се реализира уште една обврска од Развојната стратегија за правосудството

ДЕСК

Производството на сончоглед во 2025 година е зголемено за 5.8 % во однос на 2024 година

ДЕСК

СДСМ: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа!

ДЕСК