Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Големо апсење во Македонија: Падна криминалец во раце на МВР, веднаш е однесен во затвор

На 15.12.2022 во 16.45 часот во с.Лојане, Општина Липково, на локалниот пат кон с.Миратовац, Република Србија, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.В.(43) од с.Брвеница, тетовско.

Тој бил осуден на казна затвор од шест години и шест месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ по член 237 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување пет години и пет месеци од казната.

Лице било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +