Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

118 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 118 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за непрописно престројување на возила.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +