5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Гевгеличанец со умисла се обидел да го убие очувот

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот зкаоник.

Осомничениот, на 12 декември, со умисла се обидел да го лиши од живот неговиот очув. Делото го сторил така што ја протнал раката преку отворениот мал прозорец од десната страна на влезната врата, ја отворил вратата од домот на очувот, влегол внатре и по кратка расправија, повеќепати го пробол оштетениот со нож.

Притоа му нанел тешки телесни повреди – две убодни рани во грбот, длабоки исеченици на левата страна на вратот, лицето и на десната шака.

Оштетениот паднал на подот во дневната соба и почнал обилно да крвави. Откако осомничениот си заминал, оштетениот успеал да излезе надвор на улица, каде што го затекнале случајни минувачи, кои повикале итна медицинска помош.

Пред да падне во кома поради сериозноста на повредите и да биде пренесен на Клиничкиот центар во Скопје, оштетениот успеал да го наведе осомничениот како сторител на кривичното дело.​

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

Можеби ќе ве интересира

Средба Николоски – Сориано Ортиз: Авиолиниите Скопје – Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави

ДЕСК

На Клиниката за детски болести обезбеден дигитален мобилен рендген апарат со поддршка од Амбасадата на Jапонија

ДЕСК

Внук си ја нападнал бабата која имала 75 години – драма во Кисела Вода

ДЕСК