17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Две тешки сообраќајки за неколку часа на патот Скопје – Тетово, повеќе повредени

На 13.12.2022 во 21.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, во с.Желино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од Ќ.С.(44) од с.Палатица и патничко возило „сеат толедо“, управувано од А.Т.(61) од с.Чифлик, двете со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „сеат толедо“, Џ.Р.(63) од с.Ларце, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

На 13.12.2022 во 13.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, во близина на влезот за с.Рогле, патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(45) од Кичево, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото В.С.(74) од Кичево, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.