Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ повторно слугува на туѓи интереси, велат од СДСМ

Реакција на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ партијата заложник на Левица и Димитар Апасиев, повторно слугува на туѓи интереси.

И во време кога државните институции се цел на напади кои имаат за цел да создадат паника и несигурност во јавноста, ВМРО-ДПМНЕ се става на спротивната страна од државните интереси.

Министерството за внатрешни работи внимателно и професионално постапува по сите дојави за поставени бомби согласно предвидените процедури.

ВМРО-ДПМНЕ да престане да слугува на туѓи интереси, да престане заради ситни политички поени да пласира дополнителна паника во јавноста и барем еднаш да застане зад институциите кои се соочуваат со сериозни напади.

Можеби ќе ве интересира

Македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Државата Катар и Обединетите Арапски Емирати да побараат помош

C +

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

C +

СДСМ бара реакција од ДКСК и повлекување на Ефимија од Развојната банка поради конфликт на интерес

C +