Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

ЦИВИЛ ја промовира Insieme / Заедно, на македонски јазик

ЦИВИЛ денеска во 12 часот одржа промоција на песната „Insieme/Заедно“. Со оваа иницијатива, Цивил дава свој придонес кон цврстата и недвосмислена определбата на македонското општество да се приклучи кон големото европско семејство. Време е сите граѓанки и граѓани без оглед на нивната припадност и потекло, сите политички партии, верски заедници, граѓански и политички организации, групи и иницијативи, да се обединат во заедничката цел и стратешката определба на државата – членство во ЕУ.

Песната на Тото Кутуњо е симболичен придонес на Цивил кон промоцијата на европските вредности и поддршката за евроинтеграцискиот процес кој, по долгото чекање, доби конкретен и извесен тек.

Цивил ги повикува сите политички партии во земјата да станат дел од оваа иницијатива, јасно да ги артикулираат своите ставови и дадат конкретен придонес кон македонската иднина во Европската Унија.

„Оваа песна им ја подаруваме на сите граѓанки и граѓани, а политичките партии ги повикуваме да ја прифатат оваа иницијатива како своја и преку неа да ги промовираат своите европски ставови и определби на јавните настани што ќе ги одржуваат во наредниот период. Од денеска напладне, познатиот хит ќе се слуша и на македонски“ – велат од Цивил, во пресрет на промоцијата.

извор Civilmedia.mk

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК