Centar.mk
ТЕМАЗДРАВЈЕ

ТОПЕЊЕ КИЛОГРАМИ БЕЗ ДИЕТА: Овие 2 растенија го забрзуваат слабеењето

Прокинетичките билки го олеснуваат преминувањето на содржината низ цревата.

Истражувањата покажаа дека двете најефикасни меѓу прокинетичките растенија се ѓумбирот и артичока, кои го поддржуваат варењето и на тој начин влијаат на слабеењето.

Ѓумбирот има антивирусно дејство, ја поттикнува циркулацијата, но и ефикасно ја поттикнува подвижноста во дигестивниот тракт.

Ова растение се користи стотици години за лекување на дигестивни проблеми, а истражувањата покажаа дека може да го зајакне и забрза движењето на дебелото црево.

Исто така, докажано е дека ѓумбирот влијае на ензимите трипсин и панкреасната липаза за време на процесот на варење, што го забрзува движењето и празнењето на желудникот.

Артичоката е уште една прокинетичка билка која помага да се забрза подвижноста на дигестивниот тракт. Додека ѓумбирот повеќе делува на подвижноста на цревата како целина, артичоката повеќе делува на подвижноста на тенкото црево и на тој начин го стимулира лачењето на жолчката, што им олеснува на ензимите за варење поефикасно да ја разградат храната, да ги варат мастите и да апсорбираат витамини.

Оваа билка е одличен избор и доколку имате проблеми со неправилна столица или проблеми со варењето. Препорачаната дневна доза на артичоката за оптимален ефект врз варењето е 30-38 g на ден за мажи и 21-25 g дневно за жени.

Артичоката може да биде вклучена во различни рецепти, од салати и сосови до придружни јадења и чорби од зеленчук.

Можеби ќе ве интересира

Превентивни прегледи по возраст: Што да се прави до 35 години и што да се прави по 40. година

C +

Сашко Дрвошански: Додатоци во исхрана за подобра енергија и витаност, телото ќе ви биде благодарно!

C +

Наместо енергија, пад на шеќерот: храна што треба да ја прескокнете за појадок

C +