Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фоторепортер на кошаркаркиот клуб Чаир нападна кошаркар на Работнички

Фоторепортер влегол на терен и нападнал кошаркар, на синоќешниот натпревар во спортската сала „Шабан Трстена“ во Чаир.

Според информациите, инцидентот се случил за време на одигрување на кошаркарски натпревар помеѓу КК „Чаир“ и КК „Работнички“, при што вработен како фоторепортер во кошаркарскиот клуб „Чаир“ влегол на теренот и физички нападнал кошаркар на гостинскиот клуб.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.