Променливо облачно со повремен локален слаб дожд, а на планините претежно во западните и северните делови со слаб снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта поради значително заладување, во северните делови ќе има услови за провејување на снег и на повисоките места. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од југозападен правец.
Во Скопје променливо облачно, кон крајот на денот со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен југозападен, а кон крајот на денот северен ветер.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Во среда се очекуваат нови врнежи од дожд, на места пообилни, а на планините и на повисоките места од снег. Од четврток ќе има значителен пораст на температурите.
Прогноза за 14.12.2022
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 2°C до 9°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Прогноза за 15.12.2022
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 8°C до 13°C
Променливо облачно, претпладне со слаб локален дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Прогноза за 16.12.2022
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 10°C до 15°C
Променливо облачно и потопло. Кон крајот на денот во северозападните делови ќе има локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.


