Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Казнети 127 возачи во Скопје, 17 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за непрописно престројување на возила, две мерки за нерегистрирани возила…

МВР додаде дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +