Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Трагична сообраќајка го потресе Скопје: Менувале гума, па во нив влетало возило управувано од 18 годишник – едно лице почина, друго итно е пренесено во клиника

(насловната фотографија е илустративна) Денеска околу 06:10 во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот Киро Глигоров се случила сообраќајна несреќа со смртни последици, дознава Centar.mk.

Според пријавеното, Б.С. (53) застанал со своето возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички, затоа што му пукнала гума, по што со друго возило дошол да му помогне Н.С. (29) од Скопје, дознава Centar.mk.

Според сознанија на Centar.mk, додека се обидувале да ја променат гумата во нив удрило патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Л. (18) од Скопје, кој го напуштил местото на настанот, но потоа се вратил без возилото.

Информациите велат дека на местото на настанот починал Б.С., а Н.С. е пренесен во градска болница „Св. Наум Охридски“. Возилото „форд фиета“ е пронајдено на булеварот „АСНОМ“, пишува Centar.mk. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК